• Rafinery2
  • Rafinery1
  • NDT
  • Tank
  • Boiler
TSG Ниво 3 експертите се вклучени во обуки на не-деструктивни методи на испитување и сертификација на персонал, меѓународно признати преку нашата партнерска компанија SECTOR CERT. Обуката и испитувањата се во согласност со европски, меѓународни и американски стандарди како EN473 / ISO 9712 / ASNT, напредни НДИ методи и опрема.

Опсегот на НДИ ниво 2 курсеви е:

Нашиот експертски тим составен од сертифицирани Ниво III предавачи, изведуваат НДИ Ниво III обуки за вработените од одредени индустриски сектори. Сите обуки се понудени во одредена временска рамка на Секторот Серт.

Секој кандидат за Ниво III треба да помине базичен испит пред било кој метод за испитување. Курсот пренесува знаење за основите на методите на испитување, како и за материјалите, производствените технологии и анализа на имперфекциите. Разликите и соодносот меѓу сите не-деструктивни методи на тестирање исто така се теми на овие курсеви.

Курсот ги исполнува меѓународните стандарди како ISO 9712, EN 473 или ASNT ниво III.

TSG Индустриски Сервис може да обезбеди обука за задоволување специфични технолошки барања и подобрување на ефикасноста на заварувачите. Одредени специфични барања ќе бидат определени со наша консултантска посета. Обуката за Заварувачи ги покрива следните активности:

  • Опрема и потрошни материјали кои се користат во зависност од постапката.
  • Основни настава по заварување во рамна и хоризонтално-вертикални позиции за Позиционо заварување на лимови, плочи и цевки.
  • Подготовка на површината за заварување во зависност од дебелината на металот и видот на спојот.
  • Визуелно испитување на заварени споеви.
  • Деструктивно испитување на заварени примероци вклучувајќи макроскопски испитување.
  • Одредување на процедури за заварување на повторливо заварување во согласност со релевантните EN ISO стандарди.
  • Издавање на сертификати и по потреба сертификација за Директивата за опрема под притисок (PED), одобрување се врши од страна на нашите партнери TUV Rheinland.

Технологии за заварување

  • Рачно - електролачно заварување (MMA)
  • Активно гасно заварување (MAG)
  • Заварување со инертен гас (MIG)
  • Заварување со Волфрамова електрода и атмосфера на инертен гас (TIG)
  • Oкси-ацетиленско заварување и сечење
  • Орбитално и роботско заварување

Спецификација на процедурата за заварување (WPS)

Спецификации на процедурите за заварување се спроведуваат за сите Квалификациски тестови за заварувачи. Квалификациските тестови за заварувачи се опфатени со EN 4872, EN 287: 2004, EN ISO 9606-2: 2004 Алуминиумски легури.

Формата на Спецификацијата на процедурите за заварување е според EN ISO 15.606 (07-09-13-14).

Кога е потребно одобрување на постапката на заварување според EN ISO 15.614 или PED одобрување, може да се направи договор со нашите клиенти за сведочење и тестирање и издавање на сите сертификати.

NDT is essential to many industries. Specific activities include control of welding quality, industrial parts and safety assurance of pressure vessels and pipelines.

The seminars are tailored to the client's specific needs, e.g., in relation to:

  • Durability
  • Safely loading of structures at early ages
  • Quality control of finished structure
  • Upgrading of structures
  • Locating flaws in dubious structures
  • Estimating remaining service life
  • Quality assurance of repairs
  • Monitoring of structures


Specifically addressed to the Quality, Production and Engineering Departments of companies with activity in specific industrial sectors, seminars are organized to introduce one or several NDT methods and specific techniques. In those Seminars, the principles of the methods or technique are presented; in relation to those, their limitations and capabilities are explained and discussed and, in detail, a special attention is paid to the practical applications in the suitable industrial sector.

TSG seminars focus on providing information in order to help the participants to understand and appreciate the differences between the various certification schemes available worldwide and how best to use them for their development and the progress of their respective companies.

Радиографско испитување

Научни принципи

Х-зраци се користат за производство на слики на предмети со користење на филм или друг детектор кои се чувствителни на радијација. Испитуваното парче е поставено помеѓу изворот на зрачење и детектор. Дебелината и густината на материјалот во кој Х-зраците мора да навлезат влијае на јачината на зрачење за отсликување на детекторот. Разликата во радијација создава слика на детекторот-филмот која ги покажува внатрешната состојба на испитуваниот објект.

Главна употреба

  • Се користи за да се провери било кој материјал за површински и под површински дефекти.
  • Радиографско испитување може да се користи за локација  и мерење на внатрешната состојба, одредување на локација на скриените делови во склоповите, и да се измери дебелината на материјалите.

Главни предности

  • Може да се користи да се испитување на речиси сите материјали.
  • Детектира површински и внатрешни дефекти.
  • Способност за испитување сложени форми и повеќеслојни структури без расклопување.
  • Потребна е мала подготовка на деловите.

Недостатоци

  • Потребни се голема обука и вештини на операторот.
  • Начесто е потребен пристап до двете страни на објектот.
  • Ориентацијата на радијација на не-волуметриски дефекти е критична.
  • Теренско испитување на дебели предмети може да одзема доста време.
  • Потребна е релативно скапа опрема и инвестиција.
  • Можна опасност од радијација на персоналот.

 

За информации за обука, Ве молиме посетете ја www.sector-cert.com.mk