ОЦЕНА НА РИЗИК
Микро структурните промени и структурните измени на материјалите се резултат на различни услови за работа, високи напони и температури. Ова е карактеристично за опремата под притисок инсталирана во петрохемиски рафинерии и енергетски постројки.
Производителите на опрема под притисок се должни да ја верифицираат и имаат одобрено оцена на ризикот, како дел од процесот на оцена на сообразност во согласност со PED Директивата 97/23 / ЕЗ.
Во текот на работата, оцена на ризикот е неопходна кога се направени конструктивни промени на опремата.
Придобивките на пристап на инспекција базиран на ризик, вклучуваат зголемување на исправноста и заштеда на трошоци, минимално времетраење на исклучувања, намалување на интервалите инспекција и подобри безбедносни услови.
Видот на опремата под притисок, е релевантен за примена на одреден метод на оцена на ризик, како што се Hazop / Hazan, Fault Tree анализа (FTA), FMEA, и други.
ТСГ има големо искуство во консалтинг на оцена на ризик и услуги со придобивки како што се:
- Идентификација на клучните параметри кои влијаат на процесот на степенот на деградација
- Идентификација на потенцијални механизми на штета
- Проценување на веројатноста за појава на хаварија
- Оцена на предложените измени на процесите кој може да влијаат на степенот на деградација
- Идентификување на мерки и евалуација на ефективноста на инспекцијата