ТЕХНОЛОГИЈА НА ЗАВАРУВАЊЕ

Експертите на ТСГ имаат напредно искуство за вршење на услуги поврзани со технологијата и процедурите на заварување, како и не-деструктивните методи на испитување.  Процесот на технологија на заварување започнува во текот на фазата на планирање на производот.  Притоа треба да се земаат во предвид технологиите на заварување и процедурите за испитување заради обезбедување квалитет на производот.  TSG спроведува испитување на заварите и процедури на квалификација на заварувањето усогласени со Американското Здружение за Заварување (AWS), API испитувања на заварените споеви и според упатствата од Американското друштво на машински инженери (ASME).

Спецификација на процедурата за заварување (WPS) и Квалификациски тест за заварувачи (WQT) опфаќаат:

  • Помош при планирање и интерпретација
  • Развој и испитување на процедури за заварување
  • Усогласеност со важечките директиви и стандарди, како што DIN EN 3834
  • Фабрички инспекции
  • Одредување на проблемите при заварување на самото место и нивно решавање
  • Визуелна инспекција на самото место од страна на Меѓународно сертифициран инспектор за заварување
  • Избор на правилна техника и процедура за недеструктивните методи на испитување