• Rafinery2
  • Rafinery1
  • NDT
  • Tank
  • Boiler

Испитување со магнетни честички

Научни принципи

Магнетно поле се воспоставува во деловите направени од феромагнетни материјали. Магнетните силови линии влегуваат низ материјалот, излегуваат и повторно влегуваат низ половите. Дефекти како пукнатина или празнини не можат да го поддржат магнетниот флукс, и ги присилуваат силовите линии надвор од материјалот. Магнетни честички поставени на површината на делот ќе бидат привлечени кон областите на прекин на магнетниот флукс и ќе предизвикаат видлива индикација на грешка.

Главна употреба

  • Се користи за испитување феромагнетни материјали (оние кои може да се магнетизираат) за дефекти кои се во нормална положба на магнетните силови линии.
  • Со испитување со магнетни честички можат да се откријат површински и под површински дефекти.

Главни предности

  • Може да се испитаат брзо големи површини на комплексни делови.
  • Може да се да се откријат површински и под површински дефекти.
  • Површинската подготовка (чистење) е помалку важна отколку кај испитување со течни пенетранти.
  • Индикациите при испитување со магнетни честички се произведени директно на површината на самиот дел се прикажува слика на дисконтинуитет.
  • Трошоците за опремата се релативно ниски.

Недостатоци

  • Само феромагнетни материјали можат да бидат испитани.
  • Критично е кога дефектот е во линија со магнетните силови линии.
  • Голема јачина на струја е потребна за делови со голема дебелина.
  • Бара релативно мазна површина.
  • Боја или други немагнетични прекривки негативно влијаат на чувствителноста.
  • Потребна е демагнетизација и повторно чистење на деловите.

За информации за обука, Ве молиме посетете ја www.sector-cert.com.mk