• Rafinery2
  • Rafinery1
  • NDT
  • Tank
  • Boiler

TСГ Индустриски Сервис обезбедува Ниво III експери за консултации во следниве области:

  • Активности на Не-деструктивни методи тестирање
  • Утврдување дека процесите и примена на различни техники се во согласност со различните спецификации за испитувањеи евалуација на НДИ постапки и за инспекција
  • Усогласување на стандардни НДИ практики, процедури и проверка
  • Да обезбеди теоретска и практична обука и сертификација на НДИ персонал во согласност со стандардите на ЕУ.

Дијагностички НДИ

Развој на техники за одредени проблеми кои би можеле да се појават кога се воведуваат нови материјали, или кога е неопходно вршење на испитувања на  повисоко ниво на одредени материјали и работни парчиња.

Технолошки развој

Развој и истражување на нови НДИ технологии е главната цел на развој. Воведување на акустична камера, дигитална радиографија, Напредни Електромагнетни испитувања, IRIS и MLR во областа на НДИ се само неколку од новите технолошки проекти.

Производство и работа на опрема под притисок

Опремата под притисок треба да биде во согласност со Директива за опрема под притисок (PED 97/23/EC) и во САД со ASME Дел VIII кодот.

ТСГ консултантските услуги вклучуваат поддршка во сите фази на производителите како дизајн и одобрување на типот, конструкција и ставање на производот во употреба. Во текот на процесот на производството се ТСГ помага во:

  • Испитување на дизајнот и верификација на пресметката
  • Верификација на документите за заварување и процедурите при заварување
  • Одобрување на материјалите
  • Испитување на тип (За CE сертификација - во соработка со TUV Rheinland)
  • Одобрување на систем за квалитет (За CE сертификација - во соработка со TUV Rheinland)
  • Инспекција на производот, тестирање и сертификација (За CE сертификација - во соработка со TUV Rheinland)
  • Инспекции на трета страна

ТСГ консултантските услуги поврзани со опремата под притисок резултираат со намалување на трошоците, зголемување на сигурноста и минимизирање на времето на производство.

ОЦЕНА НА РИЗИК

Микро структурните промени и структурните измени на материјалите се резултат на различни услови за работа, високи напони и температури. Ова е карактеристично за опремата под притисок инсталирана во петрохемиски рафинерии и енергетски постројки.

Производителите на опрема под притисок се должни да ја верифицираат и имаат одобрено оцена на ризикот, како дел од процесот на оцена на сообразност во согласност со PED Директивата 97/23 / ЕЗ.

Во текот на работата, оцена на ризикот е неопходна кога се направени конструктивни промени на опремата.

Придобивките на пристап на инспекција базиран на ризик, вклучуваат зголемување на исправноста и заштеда на трошоци, минимално времетраење на исклучувања, намалување на интервалите инспекција и подобри безбедносни услови.

Видот на опремата под притисок, е релевантен за примена на одреден метод на оцена на ризик, како што се Hazop / Hazan, Fault Tree анализа (FTA), FMEA, и други.

ТСГ има големо искуство во консалтинг на оцена на ризик и услуги со придобивки како што се:

  • Идентификација на клучните параметри кои влијаат на процесот на степенот на деградација
  • Идентификација на потенцијални механизми на штета
  • Проценување на веројатноста за појава на хаварија
  • Оцена на предложените измени на процесите кој може да влијаат на степенот на деградација
  • Идентификување на мерки и евалуација на ефективноста на инспекцијата