Ултразвучно испитување
Научни принципи
Звучни бранови со висока фреквенција се испраќаат во материјалот со употреба на конвертор. Звучните бранови патуваат низ материјалот и се примаат од истиот конвертор или втор конвертор. Количината на енергија, која се пренесува или прима за одредено време се анализира за да се утврди присуство на дефекти. Исто така можат да се мерат промени на дебелината на материјалот како и промени во состојбата на самиот материјал.
Главна употреба
- Се користи за лоцирање на површинските и подземните дефекти во многу материјали, вклучувајќи метали, пластика и дрво.
- Ултразвучното испитување се користи за мерење на дебелината на материјалите и на друг начин ги опишува карактеристиките на материјалите на база на мерење на слабеењето на продирање на звукот во материјалите.
Главни предности
- Овој метод е супериорен во однос на длабочината на откривање дефекти во однос на другите методи.
- Потребен е пристап само од една страна.
- Обезбедува информација за растојание.
- Потребна е минималана подготовка на деловите - чистење.
- Методот може да се користи за многу повеќе информации отколку само за откривање грешки.
Недостатоци
- Површината мора да биде пристапна за ултразвучната сонда како и за контактниот гел.
- Бара многу повеќе обука и вештина од другите техники.
- Обработката на завршната површина може да влијае на резултатите од испитување.
- Тешко може да се испитаат тенки делови
За информации за обука, Ве молиме посетете ја www.sector-cert.com.mk