Радиографско испитување
Научни принципи
Х-зраци се користат за производство на слики на предмети со користење на филм или друг детектор кои се чувствителни на радијација. Испитуваното парче е поставено помеѓу изворот на зрачење и детектор. Дебелината и густината на материјалот во кој Х-зраците мора да навлезат влијае на јачината на зрачење за отсликување на детекторот. Разликата во радијација создава слика на детекторот-филмот која ги покажува внатрешната состојба на испитуваниот објект.
Главна употреба
- Се користи за да се провери било кој материјал за површински и под површински дефекти.
 - Радиографско испитување може да се користи за локација и мерење на внатрешната состојба, одредување на локација на скриените делови во склоповите, и да се измери дебелината на материјалите.
 
Главни предности
- Може да се користи да се испитување на речиси сите материјали.
 - Детектира површински и внатрешни дефекти.
 - Способност за испитување сложени форми и повеќеслојни структури без расклопување.
 - Потребна е мала подготовка на деловите.
 
Недостатоци
- Потребни се голема обука и вештини на операторот.
 - Начесто е потребен пристап до двете страни на објектот.
 - Ориентацијата на радијација на не-волуметриски дефекти е критична.
 - Теренско испитување на дебели предмети може да одзема доста време.
 - Потребна е релативно скапа опрема и инвестиција.
 - Можна опасност од радијација на персоналот.
 
За информации за обука, Ве молиме посетете ја www.sector-cert.com.mk